За нас
- Во согласност со модерниот начин на живот, насочени сме кон обезбедување на најдобрите ентериерни услуги и решенија овозможувајќи ви одлично корисничко искуство. Услугите кои ги нудиме се целосно насочени кон потребите на корисниците, а опфаќаат услуги за проектирање, консултации во процесот при селекција на плочет материјал и оков за истиот, склопување, монтажа и превоз на изработените елементи.
- Вашата замисла најпрво ја визуелизираме со проект кој е основа за изработка на идејно техничкото решение кое ги спојува најдобрите материјали и оков кои ги одбираме заедно со клиентот со посебно внимание согласно неговите потреби.
- Услугите кои ги нудиме овозможуваат клиентот како краен корисник на продуктот да биде дел од самиот процес од реализација на продуктот. При секој наш проект се стремиме да внесеме функционалност, комфор и ергономија.
Не правиме компромис околу квалитетот.
18 години растеме, учиме, напредуваме со продукти и услуги од најдобрите !
Репроматеријали
монтажна опрема
алатки
18 години искуство
Секогаш достапни
Најдобра понуда
Перфектен оков
Одлични материјали
Прецизна изработка
Лесна соработка
Што може да направиме ние за Вас
Земање мерки
Најбитни се добрите мерки. Како би биле сигурни дека ентериериот ќе се вклопи во вашиот простор вршиме прецизни мерења и предмерувања. При тоа внимаваме на сите ситници и детали.
Советување
Може да ве посоветуваме околу технологијата, конструкцијата, изведбата, материјалите и оковот.
Подигање на материјал
Доколку вие не можете, ние ќе го подигнеме материјалот наместо вас.
Склопување
Прецизноста во склопувањето ја постигнуваме со квалитетен алат. После склопувањето секој од елементите се проверува детално.
Транспорт
Транспортот најчесто го вршиме ден пред монтажата или денот кога е монтажата. Вашиот ентериер за време на транспортот е максимално заштитен а транспортот го вршат професионалци со кои соработуваме.
Монтирање
Откако ќе го транспортираме и доставиме ентериерот вршиме монтажа. Во зависност од комплексноста на ентериерот трае времетраењето на монтажата.
Која услуга ја избравте Вие ?
Зошто ние?
За изработка користиме исклучиво квалитетни материјали и окови од реномиран добавувач.
Не се малку објекти
Започнувате соработка и уплаќате аванс со регистриран правен субјект во РМ.
Располагаме со сопствена работилница каде ги склопуваме сегментите од вашиот ентериер.
Изработка на идејниот проект, вашите желби споени со нашето искусво.
Еден од глвните приоритети во нашето работење е почитување на роковите.
Доплата на остатокот од договорената цена по монтажа.Ние веруваме во нашиот квалитет.
Како да нарачам?
Може да не исконтактирате преку телефон или mail. При првиот контакт пожелно е да имате груби мерки од позициите кои сакате да бидат изработени. Како би можеле да дадеме поточна цена пожелно е да знаете од кои материјали би требало да бидат изработени позициите. Од помош се и плановите од изведувачот на објектот кои се со груби димензии. Формирање на првична цена, орентациона понуда.
На пазарот има голем избор на материјали и оков. За изработка на елементите ги користиме најдобрите од добавувач со кој сме имале најдобри искуства во изминатите години. Со лоши и непроверени материјали и оков не сме во можност да постигнеме квалитет на крајниот производ.
По основ на грубите мерки и дискутираните материјали и планираниот оков се пресметува цената.
Откако e прифатена формираната цена и првичниот проект доаѓаме на објектот и вршиме прецизно мерење. Мерењето го вршиме со професионално ласерско метро на BOSCH GLM165-10.
Мериме 6 вредности од секоја позиција како би ја утврдиле најмалата вредност на светлосниот отвор. Се мерат сите останати детали во просторијата.
Писмено потврдување на проектот и планираните материјали и оков по што следи уплата на авансот.
За отпочнување на изработката потребно е да се уплати аванс во износ од 70% од договорената цена.
Остатокот од авансот го уплаќате откако ке завршиме со монтажата.
Откако ќе биде уплатен авансот започнува третата фаза во која се изработува ентериерот.
Кројните шеми се изработуваат по основ на потврдените нацрти и спецификации.
Прецизноста во склопувањето ја постигнуваме со квалитетен алат. Вашиот ентериер ќе биде изработен во сегменти. Секој од сегментите е проверен и преконтролиран пред да биде заститен и спремен за транспорт.
Вашиот ентериер за време на транспортот е максимално заштитен а транспортот го вршат професионалци со кои соработуваме. Транспортот најчесто го вршиме ден пред монтажата или денот кога е монтажата. Заедно со ентериерот се транспортира и алатот кој е неопходен за денот на монтажа. Сите елементи се доставуваат во просторијата која е договорена со инвеститорот.
За времетраењето на монтажата битно влијаат многу фактори, меѓу кои се и големината на просторот каде што се реализира истата, достапноста на истиот. Што помал простор помалку место за маневрирање и помал број на монтери. Во текот на монтажата избегнуваме брзање и нагло работење. Кога има комплексни ентериери времетраењето може да биде и неколку денови, иако сите елементи предходно се припремени во работилница.

Стапи во контакт
- Адреса
- ул.Мајаковски бр.14, Центар, Скопје, Македонија
- Подружница 1
- ул.Ѓорче Петров бр.108, Ѓорче Петров, Скопје, Македонија
- +389 77 400 717
- info@kibrovski.mk
Генерали
- Правно име: ЕНТЕР-К ДООЕЛ Скопје
- Матичен број: 7419732
- Даночен број: 4080020589394
- Денарскa сметкa 210-0741973201-96 NLB Банка
Работно време
- Понеделник – Петок: 9:00 – 17:00 h
- Сабота: 9:00 – 14:00 h
- Недела и празници не работиме
- Можност за состанок по 17:00 h